Талибанците воведоа „Министерство за спречување пороци и промовирање доблести“ на местото на досегашното Министерство за жени, а промената има за цел да го наметне ригидното толкување на исламот.

Потегот на талибанците е последен во серијата што го прикажува нивното враќање на  политиката на строго ограничување на правата на жените и нивно исклучување од јавниот живот, што ја спроведуваа и кон крајот на 90 -тите години кога владееја со Авганистан, пренесува Н1.

Кога на 7 септември ја соопштија привремената влада  талибанците не го спомнаа Министерството за жени, но не кажа ниту дека ќе го укинат.

Денеска и персоналот на Програмата за економско зајакнување и рурален развој на Светска банка беше испратен од теренот. Членот на програмата, Шариф Актар, не можеше да објасни како и дали програмата ќе може да продолжи со работа.