Талибанците тврдат дека контролираат 90 проценти од границите на Авганистан со Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран, каде изведуваат офанзиви.
-Под наша контрола се авганистанските граници со Таџикистан, Узбекистан, Туркменистан и Иран, или околу 90 проценти од границите, изјави за руските медиуми високиот талибански функционер, Забихулах Муџахид.
Талибанците во мај ја почнаа офанзивата против авганистанските сили, кога меѓународните сили го почнаа своето повлекување од земјата, операција што треба да заврши до крајот на август.
Во меѓувреме, тие окупираа големи рурални области, како и неколку клучни гранични премини и ги опколија големите градови.
Без клучна поддршка од САД, авганистанските сили даваат мал отпор.
Претходно овој месец, талибанците тврдеа дека заземале 85 проценти од територијата на Авганистан, што владата го оспорува и не може да биде проверено од независен извор.
Талибанската офанзива ги загрижува пограничните земји, особено Таџикистан, кој со Авганистан дели граница подолга од 1.200 километри. Оваа авторитарна земја од централна Азија ја мобилизираше целата своја армија на ненајавена воена вежба за проверка на борбената готовност.
На авганистанската граница во август се закани заеднички воени вежби меѓу армиите на Русија и Узбекистан.