Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ синоќа пееше на свадбата на синот на Саша Мијалков, поранешниот шеф на УБК, пишува Курир.

Цеца покрај нејзините хитови ја отпеа и песната „Македонско девојче“ која ги воодушеви гостите.

На свадбата настапи и Тимати, најпознатиот руски рапер, кој има 20 милиони следбеници на Инстаграм.

Освен пејачи, на свадбената церемонија имаше и различни танчари од различни делови на светот, познати виолинисти како и големо внимание привлече балерината која имаше своја точка, а ја воодушеви особено Александра Мијалкова нашата позната исто така балерина.