Познатиот режисер, Квентин Тарантино се ожени за неговата девојка Даниела Пик. Венчавката се одржала синоќа.
– На церемонијата присуствуваа мал број на роднини и пријатели, вклучувајќи ги Харви Кител, Тим Рот и Ели Рот. Беше многу интимна и приватна – рекол извор за американски медиуми.
Љубовната приказна на Тарантино и Пик започна кога тој замина за Израел да го промовира неговиот филм „Inglourious Basterds“ од 2009 година.