Ахмети е разорачувачки депресивен, агресивен, но уште мислам дека е паметен и дека ќе се привикне да биде опозиционер и дека добро ќе дејствува во таа улова, изјави денеска Арбен Таравари, еден од лидерите на Вреди по координативниот состанок на коалицијата, прашан за изјавите на Ахмети и резолуциите на ДУИ на синоќешниот Гемерачен совет на интегративците одржан во Гостивар.
„Јас ги охрабрувам и Ахмети и ДУИ да бидат позитивна опозиција и им посакувам здравје и плодни опозициски денови. Меѓутоа почнаа некако многу агресивно во првите три недели, како сè да им пречи. Треба време, ќе се привикнат за 100 дена. Нека ни дадат 100 дена, зашто сега не е ефектна нивната критика, ниту е демократска бидејќи е празна. По тие 100 дена тука сме па нека нè критикуваат, нека ни кажат што не е добро, но и да кажат што е добро што сме сработиле, истакна Арбен Таравари.
За денеска одржаниот состанок на политичко координативно тело на Вреди, Биљал Касами, лидер на Беса, рече дека ова тело ќе ја има функцијата на хомогенизација на нивните структури.
ДУИ пак. синоќа во Гостивар одржа генерален состанок на којшто усвои три резолуции – Легитимитет, Резолуција за неопходноста од спроведување на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство, заедно со уставните измени, Резолуција за политичка организација на ДУИ. Во оваа преамбула на ДУИ од 10 страници, меѓу другото, се наведува дека „непочитувањето на легитимитетот на Албанците ќе ја намали потребата од политичко организирање на Албанците во Македонија, враќајќи ги ситуациите кои историјата ги одбележала како периоди на кршење на правата на Албанците“.