Граѓаните на оваа земја одат во Србија затоа што вашата влада не обезбеди вакцини, пишува ексминистерот за здравство и актуелен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари и бара оставки од министерот и заменикот министер за здравство, Венко Филипче и Илир Хасани.
Оваа порака, што ја пренесе Тетова Сот Таравари ја праќа преку својот профил на Фејсбук.
-Господине Илир Хасани, вие заедно со министерот Филипче мораше да си поднесете оставка и да не изигрувате аналитичари, бидејќи народот не ве плаќа за аналитичари! Ви плаќа за да го чувате јавното здравје, а вие ги умирате секој ден, затоа поднеси оставка за да не дојде работата до „предај се“. Вашата влада да разбере дека не прави ништо за здравјето на своите граѓани. Граѓаните на оваа земја бегаат во Србија затоа што вашата влада не обезбедува вакцина, а нашата држава продолжува да биде прва во регионот по починати од КОВИД и последна држава која нема обезбедено вакцина. Пандемискиот бран го предизвика недостатокот на вакцина и вашиот здравствен систем. Другите земји од регионот веќе ја завршија втората доза на вакцината, а вие дури и не сте ја започнале. Вие и министерот треба да си поднесете оставка, како што рековме, а не да судите зошто граѓаните умираат од вирусот!- пишува во својата објава Таравари.