аравариВо Македонија келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор, вели генералниот секретар на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари.
Од Алијансата на Албанците го поддржуваат штрајкот во образованието на СООНК. Од партијата додаваат дека наставниците го бараат тоа што го заслужуваат.
Таравари вели дека наставниците се платени под секој стандард и оти со такви плати не може да се очекува резултат од образовните институции.
– Ги поддржувавме и ќе ги поддржуваме. Мислам дека тоа е право што тие апсолутно го заслужуваат. Во Македонија обичен келнер или пекар зема поголема плата од наставник или професор во средно или основно училиште, но и на некои факултети, рече Таравари.
Тој денеска учествуваше во јавната дебата за образованието, организирана од Институтот за јавни политики „Арбен Џафери“.