Кандидатот за претседател од коалицијата ВРЕДИ, Арбен Таравари денеска имаше предизборна кампања во Велес, а вечерва одржува средби во Желино. Таравари рече дека посетил неколку места во Велес, бидејќи е важно да се добие поддршка и да се соберат мислењата и ставовите на граѓаните за актуелните политики во земјата.

„Дојдовме да го посетиме Велес и некои населени места од Велешко, пазарот на градот и сега да поразговараме со малите бизниси и граѓаните во овој град. Се надевам дека ќе имаме добри средби, ќе побараме поддршка, но и да добиеме повратни информации од граѓаните за нивните ставови и мислења за актуелните политики во земјата“, рече Арбен Таравари, кандидат за претседател.