Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за уставни измени по теркот на Хрватска е неприфатлив, вели лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари.
– Времето на доминација на еден етникум во Македонија заврши еднаш засекогаш и нема враќање во такво време. Македонците се 54%, а Албанците 30% и заедно не го сочинуваат процентот на Хрвати во Хрватска кои се над 90%. Поставувањето на Албанците во нивниот предлог како национално малцинство уште еднаш покажува дека нивниот менталитет е вратен со децении наназад и тоа е за жалење, велат од Алијанса за Албанците, пренесува Експрес.
Според минатогодишниот попис, вкупното население што живее во земјава е 1.836.713 граѓани, од кои најмногу односно 58,4 отсто се Македонци, а 24,3 Албанци.