Турција може да ги замоли САД да ги повлече своите војници и опрема од военовоздухопловната база „Инџирлик“, соопштија од турското Министерство за надворешни работи во Анкара, пренесе ТАСС.
До вакво сценарио може да се дојде во случај Вашингтон да воведе санкции против Турција заради нејзиниот договор со Русија за испораката на ракетните системи С-400.