Вчера околу 18.40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека во угостителски објект во населбата Илинден бил нарушен јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Љ.М. (63) и неговиот син С.М. (37), од една страна, и С.М. (23) од друга страна.

Љ.М. и С.М. (37), сопственици на угостителскиот објект, не му дозволиле на С.М. (23) да влезе во објектот.

Притоа, С.М. (23) го нападнал Љ.М., а тие му возвратиле.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.