Децата, кои беа оставени во автомобил синоќа на паркинг во Ново Лисиче, биле заклучени во возилото од нивниот татко, кој отишол на забава.
Брат и сестра на возраст од 7 и 4 години, спиеле во автомобилот, но кога се разбудиле во возилото почнале да плачат. За среќа, ги забележале други дечиња од населбата кои ги повикале своите родители на помош.
Очевидци велат дека веднаш била повикана Брза помош која ги однела децата во болница. Полицијата го привела таткото од забавата на која бил, додека мајката кога дошла во полиција силно викала.
Парот бил разведен, а децата биле кај таткото на еден ден.