Не барајте работа само во јавната администрација, туку борете се, им порача премиерот Зоран Заев на младите во Македонија.

Заев на на својот профил на Фејсбук објави видео-порака до сите млади во која советува да не се бара работа само во јавната администрација, туку да се бараат и други начини за вработување и да се користат мерките на државата.

Тој им порача на младите „да се втурнат во земјата и да создаваат подобри услови за себе, а не само да се бара работа во јавната администрација“. Заев како можност што ја нуди државата и поддршка за младите го посочи  Фондот за иновации.