Томас Маркл, таткото на војвотката Меган Маркл, изјави дека според нејзиното однесување може да се види дека „тешко излегува на крај со обврските од кралскиот начин на живот“, но и дека одбива да разговара за тоа.

Тој вели дека со неговата ќерка не разговарал од венчавката, а последниот пат разговарале за неговата здравствена состојба по операцијата на срцето.

– Имам впечаток дека мојата ќерка е уплашена од животот што во моментов го води, изјави Томас Маркл за „Сан“ .

Според него, очите на Меган кријат длабока тага и дека нејзините насмевки се лажни.

– Знам како се смее од малечка. Ова не е тоа, не е вистински среќна, истакна Томас Маркл, кој додава дека неговата ќерка веќе не одговара дури и на неговите пораки.

Тој вели дека неговата здравствена состојба е тешка и дека сака повторно да оствари контакт со неговата ќерка. Таткото на Меган Маркл додава дека и претходно не се гледале често, но дека никогаш немале толку долг прекин во комуникацијата.