Неодамна во медиумите се појави веста дека ќе се снима ново продолжение на „Чарлиевите ангели“ со Кристен Стјуарт, Лупита Нјонго и Наоми Скот.

А „старите“ ангели на Чарли го привлекоа вниманието со последното селфи објавено на социјалните мрежи.

Имено, Дру Баримур (43) објави фотографија од неа и Камерон Дијаз (46), каде ја истакнаа природната убавина. „Без шминка и без филтери“ посочи Баримур, по што следеа илјадници коментари за тоа дека изгледаат совршено. Фотографијата објавена пред 16 часа има речиси милион и половина лајкови.