Локалниот струмички портал Струмица денес објавува дека денеска на социјалните мрежи струмичани се простуваат со уште една нивна легенда познат по името Тони бате-бате.

-Личност кој постојано го гледавме низ улиците и личност која ширеше само позитива. Нека почива во мир!, објавува порталот.

Во коментарите со кој струмичани се простуваат од нивниот сограѓанин, се вели дека Тони бил „пример за чесен и работлив човек“.

Засега не се познати повеќе информации за неговата смрт, дали истата е последица од пандемијата Ковид-19 или пак станува збор за друга причина.