Украинскиот претседател Володимир Зеленски, со денови бара да биде затворено небото над Украина, кое навистина е затворено, но само за патнички авиони.

Тажна е глетката од небото над европска Украина, каква што беше пред некоја година и над Сирија.

Во моментов на небото над Украина нема ниту еден патнички авион, сите користат заобиколни коридори што може да се види и од моментната состојба од Флај радар 24.

Зеленски вчера остро реагираше до НАТО поради тоа што не го затвора небото над Украина за руските воени авиони, а одговорот беше дека тоа би значело судир меѓу Русија и Алијансата.