Лоша вест стигна денеска, почина малиот Кристијан Коцев-Кико, за кого пред неколку денови објавивме дека се собрани парите од хуманитарната акција за негово лекување во Турција.

Оваа вест ја објави јутјуберот Стефан Лазаров, кој беше активен во хуманитарната акција за Кико, кога институциите на државата затајуваат во обезбедувањето лекување.

-Во овој момент семејството на Кико ме замоли да објавам дека се стопираат броевите за донации, но сите настани и тоа што се организира во наредните неколку денови продолжуваат… Македонскиот народ се покажа уште еднаш како хуман и колку можеме да бидеме јаки кога сме сплотени. Фала ви од срце, објави на својот Фејсбук профил Лазаров.

Тој му пружи голема поддршка на момчето.

– Те засакав како помал брат, ова е најтешкиот ден во мојот живот.. Се дадовме за тебе, се бореше до крај како вистински победник, но за жал не успеа. Многу те сакам, многу ќе ми фалиш братче мое. Еден ден ќе се сретнеме и ќе си кажеме за многу работи кои останаа недокажани. Ти ме научи што значи да сакаш да живееш… Почивај во мир Кико, напиша Лазаров.

Кико е од карбинското село Долни Балван за чие лекување за 4 дена беа собирани пари преку донации.