ТЕЦ „Неготино” не работи од ноќеска на полноќ затоа што влегуваме во ремонт од 70 денови, изјави за МИА, генералниот директор Небојша Стојановиќ.

Вкупниот конзум на потрошувачка на електрична енергија во целост ќе се надоместува од енергетските капацитети РЕК „Битола”, РЕК „Осломеј” и обновливите извори на енергија, коишто се расположливи од АД ЕСМ – појасни Стојановиќ.

Стојановиќ нагласи дека ќе нема никаков проблем со електрична енергија.

Без застој, работевме во полн капацитет од почеток на декември месец, досега. Четири месеци без ниеден испад, без ниеден застој. Со тоа, срушивме рекорд од кога е направена електраната. Многу битно е исто така, од 2021 година, кога почна енергетската криза, досега, ТЕЦ „Неготино” во период од година и половина и повеќе, нема влезено во редовни ремонтни активности, рече Стојановиќ.