Според последните податоци на Светската здравствена организација (СЗО), насилството врз жените е се уште поразувачко и почнува уште од нивната млада возраст.

Околу 736 милиони жени или третина од жените во светот над 15-годишна возраст, во одреден момент од нивниот живот биле предмет на физичко или сексуално злоставување, соопштија Обединетите нации.

-Насилството врз жените предизвикува штета на милиони жени и нивните семејства, и уште повеќе се влошува со пандемијата на Ковид-19. За разлика од ковидот, жените не можат да го запрат насилството врз нив со вакцини, изјави шефот на СЗО, Тедрос Гебрејсус.