Најмалку 39 мигранти од Африка, од кои седум деца, се удавија при потонување на брод во близина на Тунис, со кој патувале кон Европа, соопштија локалните власти.

Спасувачките екипи ги пронајдоа телата на загинатите мигранти во водите во близина на градот Сфакс, на Средоземното Море.

Во истата област проблеми пријавил уште еден чамец, а морнарицата, крајбрежната стража и рибарите успеале да спасат 165 лица од двете пловила.