Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти дека Техеран не ги исполнил во целост условите од двонеделниот договор што ќе им овозможи на инспекторите на МААЕ да снимаат и да ги следат иранските нуклеарни постројки.
– Директорот на МААЕ, Рафаел Гроси истакна дека одлуката на Техеран да не и дозволи на Агенцијата пристап до центрифугата TEСA Караџ е спротивна на договорените услови објавени во заедничкото соопштение на 12 септември, соопшти МААЕ. Со Договорот од 12 септември, Иран се согласи да и дозволи на МААЕ да ги сервисира камерите што ги користат инспекторите на Агенцијата за снимање на иранските нуклеарни постројки. Беше предвидено инспекторите на МААЕ да ги заменат мемориските картички на камерите, но и тие да се чуваат во Иран.
– Иран им дозволи на инспекторите да сервисираат камери на сите локации во Иран помеѓу 20 и 22 септември, со исклучок на комплексот ТЕСА Караџ“, додаваат од МААЕ. Во тој комплекс, во јуни имало „очигледна саботажа во која беа уништени четири камери на МААЕ“.