На неколку Иранки првпат по повеќе од 40 години им е дозволено да гледаат пријателски натпревар на репрезентацијата на фудбалскиот стадион.
Како што објавија дел од иранските медиуми, околу 100 жени добија дозвола да влезат на стадионот Азади во Техеран за да ја следат победата на својот национален тим против Боливија, што заврши со резултат 2-1.
– Навивањето на жените беше многу интересно, изјави иранскиот селектор, Португалецот Карлос Кироз, додавајќи дека го поздравува евентуалниот „почеток на новата ера“.
На жените во Иран преку 40 години им беше забрането да присуствуваат на стадион, а ултраконзервативните верски водачи како причина наведуваа дека жените не треба да бидат сведоци на навивањето на мажите и нивното скандирање.
Сепак, претседателот Хасан Рохани, се спротивстави на таквата одлука