Значително намалување на бројот на вработени од не помалку од 40 отсто на глобално ниво, најавено е од Сорос.
Непрофитната организација, Фондација Отворено општество, која на крајот на 2021 имаше над 500 вработени до сега од Сорос има добиено повеќе од 32 милијарди долари.
Според даночните пријави, најголем расход на Фондацијата во 2021 биле платите и пензиите, за кои биле исплатени 72 милиони долари за плати во 2021, и уште 40 милиони долари за бенефиции и пензија.
Од Отворено општество, како што објави Инфомакс, ги потврдуваат промените објаснувајќи дека без разлика на тоа остануваат посветени на основните принципи („демократија, човекови права, климатска правда и справување со нерамноправност“).
Менаџерите на Фондацијата деновиве добиле известување со „ресурси и совети за комуницирање и поддршка на нивните тимови за време на промените“, пишува порталот.