Во вооружените сили на Белорусија е формиран нов полк за противвоздушна одбрана, објави на Телеграм прес-службата на Министерството за одбрана во Минск.
Според соопштението, командата направила посебни напори за создавање современа воена инфраструктура и образовна материјална база за новата формација, како и за решавање на прашањата околу социјалната сигурност на војниците и нивните семејства.
Новиот полк е стациониран во градот Лунинец, регионот Брест. За денеска е предвидено единицата да ја посети белорускиот министер за одбрана, генерал-полковник Виктор Хренин.