Нова спортска сала треба да биде изградена за три месеци во ОУ „Братство“ во Тафталиџе 2 во општина Карпош. Ќе се простира на површина од 1.400 метри квадратни, со трибински дел за 410 посетители. Покрај за образовна настава ќе исполнува стандарди и за домашни и меѓународни натпревари, како и за спортско-културни настани.
Камен – темелникот на салата беше поставен денеска во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука Весна Јаневска и општинското раководство, кои при посетата на општината беа и на увид во градежните активности за асфалтирање на улицата Софиска.
– Двата проекта со вклучен ДДВ се околу два милиони денари, а имаат цел да го олеснат начинот на функционирање на жителите во овие населени места. Кога ќе биде изградена салата, учениците ќе можат да другаруваат, да го градат својот спортски дух и да растат во подобри личности – рече премиерот Мицкоски.
Министерката Јаневска истакна дека салата што с егради емултифункционална – покрај училиштето, ќе се користи и за комерцијални цели, за спортски натпревари, спортско- културни настани –
Таа соопшти дека со околу 90 милиони евра се изработуваат 70 проекти во образованието. – Заедно со општините Владата спроведува голема градежна офанзива за подобрување на образовната инфраструктура – рече Јаневска. (МИА)




