Сончево и топло со слаб до умерен претежно северозападен ветер ќе преовладува денеска во Македонија. Попладне, главно на североисток и северозапад, ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 20, а дневната од 31 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок и ќе изнесува 9.

Во Скопје слично време со температура до 34 степени.

Промена на времето се очекува од викендот кога на повеќе места   ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се можни поинтензивни процеси. Ќе дува умерен до засилен северен ветер кој ќе предизвика опаѓање на температурите за неколку степени, особено во недела.