Тренерот на Манчестер јунајтед Ерик тен Хаг проговори за вчерашниот висок поразот од Ливерпул (0:7).
Тен Хег беше прашан дали смета дека системските проблеми кај Манчестер јунајтед водат до големи порази. Оваа сезона тимот загуби од Брентфорд (0:4), Манчестер сити (3:6) и Ливерпул (0:7).
– Ако ова се случуваше почесто, тогаш, се разбира, ова може да се нарече шема. Но, во последните недели и месеци имавме многу добри резултати. И повторно сакам да кажам дека зборуваме за второто полувреме, бидејќи првото полувреме го одигравме одлично и достојно. Сум имал лоши денови, но има и денови кога правиш се како што треба. Ако реагирате на правилен начин, можете да извлечете лекција, а карактерот ќе стане посилен, изјави Тен Хаг.
Манчестер јунајтед се наоѓа на 3.место на табелата во Премиер лигата со 49 бодови, 14 помалку од лидерот Арсенал