Канадскиот тенисер Милош Раониќ во третото коло на Мастерсот во Њујорк го совлада екс-првиот рекет на светот Енди Мареј со 6:2 и 6:2.

Ова е прва победа за Раониќ над Шкотланѓанецот во последните шест години. Пред тоа, тој последен пат го совлада Мареј во Индијан Велс 2014 година.

Раониќ во четвртфиналето ќе игра против Филип Крајановиќ.

И на женскиот дел од турнирот елиминирана е поранешната број 1. Американктра Серена Вилијамс која важеше за 9. Носителка, загуби од 21. фаворитка Марија Сакари. Гркинката победи со 2-1, по сетови 5:7, 7:6 и 6:1.