Тениската асоцијација на Соединетите Американски Држави (УСТА) официјално потврди дека ќе им биде дозволен настап на руските играчи на Грен слемот во Њујорк.
Русите ќе можат да се натпреваруваат под неутрално знаме.
Според „The Telegraph“, на состанокот на Управниот одбор на „USTA“ оваа недела се разговарало за аргументите во корист на суспензијата, но била донесена одлука да не им се забрани на Русите да учествуваат на турнирот.
Во исто време, минатогодишниот финалист Новак Ѓоковиќ можеби нема да игра на Грен слем поради актуелните ограничувања предизвикани од коронавирусот во земјата. Минатата недела, Службата за имиграција на САД се откажа од задолжителниот тест за ковид при влез во земјата, но не се планира да се отстрани условот за сертификат за вакцинација.