За оние кои не знаат што значи релативна застареност на гонење, кратко и едноставно објаснување е дека ако во периодот на највисоката можна казна предвидена во законот за делото за кој некој е осомничен, не се покрене постапка, после тоа неможе ни да се покрене по закон.
На пример, ако законот пропишува казна затвор од 1 до 3 години, и ако за три години не се започне гонењето од страна на обвинителството, настапува т.н. релативна застареност.
Таков е случајот на Никола Груевски во предметот Тенк. Неговите дејствија заради кој тој се обвинува, независно што обвинението е без сторено кривично дело, се случиле во три телефонски разговори во февруари, март и јули 2012-та, а во кривичното право се зема првото дејствие, а се потоа се смета за последица.
Три години изминале во фебруари 2015 кога уште наводниот телефонски разговор не е пуштен во јавноста, а во јули СЈО уште не постои, а ОЈО не добил ништо околу тој предмет и не започнал никаква постапка.
И што смислила судијката Кацарска додека во катарза ги решава предметите на вмровците со јасна цел да ги осуди по секоја цена?
Таа целосно незаконски се повикува на член во законот според кој ако лицето во меѓувреместорило друго кривично дело, тогаш релативната застареност на гонењето не важи. И понатаму вели дека Груевски сторил уште 4 други кривични дела, оние од СЈО за кои судењето е во тек. Притоа во недостаток на аргумент намерно и свесно заборава дека сторено кривично дело е дело за кое има завршена судска постапка и правосилна судска одлука, што значи и апелациониот суд да потврдил. Груевски нема ниту едно такво дело. Експерти коментираат дека судијката Кацарска за да ја исполни партиската задача од СДСМ, ја гази презумцијата на невиност на Груевски за другите процеси за кои не е осуден. И носи одлука како да е веќе осуден.
ПРЕДМЕТ НА ПОСЕБНА ИСТРАГА
Ваков еклатантен прекршок во постапката, по паѓањето на СДСМ од власт, сигурно ќе биде предмет на посебна истрага и санкција, како во правец на нејзино разрешување како судија, така и во правец на нејзина кривична одговорност.
Според информациите, судијката во апелација Тања Милева, кога го примила предметот во јули годинава веднаш утврдила релативна застареност, и тоа го споделила со други нејзини колеги, вклучувајки и со некои универзитетски професори на Правниот факултет во Скопје, кои во приватен и пријателски разговор и го потврдиле истото, а таа им рекла дека и таа така мисли.
Но, по очигледно интервенцијата од СДСМ, било побарано истата да го игнорира овој факт и да бара потврда за 2 години затвор за Груевски. Дел од другите судии, гледајки дека Милева за да ги врати своите долгови кон СДСМ за тоа што пред неколку месеци незаконски ја назначија за судија во Апелациониот суд, почнале гласно да негодуваат дека и нив ќе ги одвлече во амбис.
Судиите деновиве се под невиден притисок со незаконска одлука да ја потврдат затворската казна на поранешниот водач на ВМРО-ДПМНЕ за непостоечко дело. Во кулоарите на судот меѓу судиите се коментира што ќе се прави после заминувањето на СДСМ од власт која ветува заштита на судиите кои треба да донесат незаконска одлука, и кога новата власт предводена од ВМРО ќе започне истраги за сите незаконски одлуки на сите судии?
Инаку судијаката Милева неодамна во случај на судење на Заев самата се иззема од судење објаснувајки дека има блиски релации со него. Нејзиниот сопруг Игор Милев беше адвокат на Заев. Тој исто така беше и кандидат за градоначалник на Радовиш во 2013-та и загуби од ВМРО, а потоа беше член на ДИК официјално предложен од СДСМ, а сега е втор човек во царината.
Игор Милев е и внук од сестра на Ванчо Чифлиганец, поранешен пратеник на СДСМ, кој како стопанственик непречено работеше во време на ВМРО и насекаде јавно се фалеше дека владата многу му помага во реализација на проектите и со ништо не го попречува.
Инаку Тања Милева прв пат стана судија во судот во Велес во време на ВМРО. Ним очигледно не им пречеше нејзината партиска определеност и не го попречија нејзиното назначување за судија, веројатно верувајќи дека еден ден нема да се дрзне да суди според партиски одлуки, а не според закон.
Сепак, таа сега погазувајки на својата стручност и интелегенцијата на нејзините колеги, според информациите цврсто е решена наместо правна да донесе политичка пресуда, и да гласа за потврда на незаконската пресуда, и како известител во случајот во неделава што измина ги убедувала и другите нејзини колеги.
ТОЧКА НА ТОПЕЊЕ
Следните денови ќе се види колку е ,,точката на топење,, и каков интегритет имаат барем овие пет судии во овој случај: Светлана Периќ, Енвер Беџети, Зоран Димитриевски, Татјана Дуковска и Тања Милева. Ова се предмети кои се памтат и кои цела јавност внимателно ги следи, анализира и коментира. Особено стручната јавност но и пошироката. На овој предмет или доживотно ќе се избрукаат овие пет судии и можеби ќе си навлечат проблеми во иднина заради незаконска одлука, или ќе покажат интегритет, правичност, стручност и отпорност на политички притисок.
Што и да решат, останува загриженоста што само по ова прашање дискутираат, и немаат храброст да прифатат дека доказите (наводните телефонски разговори) се копии кои не се споредени со оргиналот, што значи треба да се отфрлат. Што се чини намаат храброст и да констатираат дека по законот за приватност пробиени се законските рокови за предавање на снимките и тие не можат да се користат во судски постапки. Дека истите разговори се незаконски прибавени, и според тоа не можат да бидат прифатени за докази, дека за Груевски не може доказ да е асоцијација и претпоставка (,,…тоа на М…,,), и дека второ осуден Ѓоко Поповски е исто така незаконски и драконски осуден по многу основи. Дека вештаците се незаконски ангажирани и едниот немал лиценца во времето кога го предал вештачењето, а фирмата не исполнувала услов за да работи вештачења. Дека второто вештачење на Тале Герамитчиоски е ограничено на споредба само со две други марки возила.
Живееме во време кога судиите живеат во страв од СЈО, односно од власта, и се плашат да донесат правични одлуки кои нема да им се допаднат на функционерите во владата и на Заев, заради што потоа може самите тие да имаат проблеми. Сепак, тоа не е оправдување ако направат свесни грешки.