За цели 50 проценти лани биле зголеми терористичките напади во земјите-членки на Европската унија и покрај тоа што се преземени голем број мерки. Европол соопшти дека станува збор за терористички напади и обиди за напади поврзани со џихадистите.
Девет членки на Унијата во 2016 година пријавиле 142 неуспешни напади, додека бројот на обиди за напади лани бил 205, што е за околу 45 отсто повеќе.
Во вкупно 33 терористички напади, пак, лани загинале 68 луѓе, додека 844 биле повредени. Во извештајот се наведува и дека има благ пораст на бројот на напади кои ги извршиле левичарски или анархистички групи и поединци.
„Не смееме да заборавиме дека зад секој број стои барем една невина жртва. За да се бориме против тероризмот важно е да имаме оптимална размена на информации и точни податоци“, навела Де Бол.
Европол соопшти и дека лани се уапсени 975 лица поради тероризам, односно учество или подготовка на терористички напади, потоа поради џихадистичка пропаганда или регрутација, а оружјето кое најчесто е користено за нападите се ножеви.