Според прелиминарните податоци, повеќе од 60 луѓе загинаа во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, а бројот на жртви може да се зголеми, објавено е на каналот Телеграм на Рускиот истражен комитет.
Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ) синоќа соопшти дека имало пукање и пожар пред концерт во Красногорск кај Москва.
Бројот на ранети во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145, соопшти синоќа Министерството за здравство на Московската област.
Министерот за здравство Михаил Мурашко изјави дека се хоспитализирани 115 лица, од кои пет деца, пренесуваат руските медиуми. Според него, во тешка состојба се 60 возрасни и едно дете.
Рускиот истражен комитет покрена кривична постапка поради терористичкиот напад.
Неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт.
Бројот на жртвите во нападот се зголеми на 93 лица
Истражниот комитет на Русија денеска соопшти дека бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 93, јавија руските медиуми.
Бројот на повредени во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145, соопшти Министерството за здравство на Московската област.
Нападот се случи кога неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала „Крокус“ во Красногорск, административен центар на московската област. Терористичката група Исламска држава (ИСИС) ја презеде одговорноста за нападот во Русија, се вели во кратката изјава објавена од новинската агенција Амак, поврзана со ИСИС, на Телеграм.
Уапсени 4 лица кои го извршиле нападот и уште 7 други
Шефот на Федералната служба за безбедност на Русија (ФСБ), Александар Бортников го информирал рускиот претседател Владимир Путин дека се уапсени четворица терористи кои го извршија нападот во концертната сала „Крокус“ во Москва и уште седум други лица, соопшти денеска прес-службата на Кремљ.
Како што се наведува, во тек е идентификација на соучесниците на терористите.
Во терористичкиот напад, за кој одговорноста ја презеде терористичката група Исламска држава (ИСИС), загинаа 93 лица, а повеќе од 145 беа повредени.
Територијата околу концертната сала се уште е опколена
Територијата околу концертната сала „Крокус“ во Красногорск кај Москва, каде што синоќа беше извршен терористичкиот акт, се уште е опколена, јавија денеска руските медиуми.
Областа во која се наоѓа концертната сала е оградена од полиција, а во близина на зградата се стационирани неколку противпожарни возила. Внатре работат спасувачи и истражители.
Луѓето почнаа да положуваат цвеќе на местото на терористичкиот напад.
Според прелиминарните податоци, повеќе од 60 луѓе загинаа во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва, а бројот на жртви може да се зголеми, објавено е на каналот Телеграм на Рускиот истражен комитет. Бројот на ранети во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во Москва се зголеми на 145, соопшти синоќа Министерството за здравство на Московската област.
Неидентификувани маскирани вооружени лица синоќа отворија оган во концертна сала во Красногорск, територија во непосредна близина на главниот град Москва. Нападот се случил во Крокус Сити Хол во Красногорск, административниот центар на московската област, за време на концерт. Двајца од осомничените за нападот се приведени, напиша на Телеграм рускиот пратеник Александар Хинштајн.
Фото: ЕПА