Најмалку девет лица загинаа, а 10 се повредени во терористичкиот напад врз Министерството за внатрешни работи во сомалискиот главен град Могадишу, соопштија денеска официјални извори.

Вооружени напаѓачи се забарикадирани во зградата на министерството и како заложници држат владини службеници, јави агенцијата Асошиејтед прес.

Од зградата се слушаат истрели, па се стравува дека бројот на жртвите е многу поголем.

Две експлозии одекнаа утрово во Могадишу, една кај претседателската палата, а другата во близина на згрдата на полицијата.

Нападаот почнал утринава кога бомбаш самоубиец ја разнесол капијата од МВР, кое е во близина на претседателската палата и парламентот.

Екстремистичката група Ал Шабаб ја презеде одговорноста за нападот.