Откако си ја одлежа казната денеска од затвор излегува Панче Ангелов, еден од првите македонски патриоти што како „терористи“ беа осудени од власта на СДСМ за настаните на 27 април во македонското Собрание, објави порталот Брегалнички.

Ангелов беше осуден на четири години затвор од Основниот суд Скопје еден.

Тој достоинствено ја призна вината за своето дело. Како што е познато осуден беше за кубење за коса на тогашната пратеничка, потоа вицепремиерка и сега министерка за одбрана Радмила Шекеринска.

Извор: Брегалнички