Најмалку 28 лица загинаа во несреќа откако се преврте автобус што превезувал шиитски верници од Пакистан за Ирак во централен Иран.
Во несреќата што синоќа се случи во централната иранска провинција Јазд, повредени се уште 23 лица, од кои 14 се здобиле со тешки телесни повреди.
Во автобусот во моментот на несреќата имало 51 лице, а причината се истражува. Верниците биле на пат за Ирак да го одбележат Арбаин, 40-тиот ден по смртта на шиитски светец во VII век. Тие се собираат во Карбала, Ирак, на најголемата годишна масовна пројава во светот.
Фото: Архива