Најмалку 63 лица загинаа во судир на два автобуси во Уганда, соопшти денеска локалната полиција.

Како што се наведува, несреќата се случила кусо по полноќ на автопатот меѓу главниот град Кампала и градот Гулу на северот на земјата.

Има и повредени.

Прелиминарната истрага укажува дека несреќата е предизвикана од два автобуса кои доаѓале од спротивни правци обидувајќи се да претекнат други возила, камион и теренско возило.

– Два автобуси се судрија челно за време на маневри за претекнување. Сите што загинаа беа во тие автобуси, соопшти полицијата на Уганда на Х.

Фото: Полиција на Уганда