Најмалку 35 лица загинаа, а 53 се повредени во верижна несреќа на патот Каиро-Александрија во Египет, објавија египетските медиуми. Според нив, најмалку 18 тела биле јагленосани, јави БТА.
Фотографиите поставени на социјалните мрежи покажаа превртен камион кој лежи преку брзата лента, при што изгоре дел од асфалтот околу него.
Сообраќајните несреќи се чести во Египет, каде патиштата често се лошо одржувани и не се почитуваат сообраќајните правила.
Според официјалните податоци, во 2021 година седум илјади луѓе загинале во несреќи на патиштата на најнаселената арапска земја, во која живеат 105 милиони луѓе.
фото: МИА архива