Во тешката сообраќајна несреќа која се случи попладнево на скопската обиколница нефицијално четири лица се повредени и се во болница, а едно лице е починато.

Несреќата се случила во моментот кога полицаец, кој вршел редовна контрола, го кренал знакот СТОП за да стопира автомобил марка бе-ем-ве. Автомобилот почнал нагло да кочи поради што во него удрил шлепер, што бил одзади. По силниот удар автомобилот удрил дирекно во полициското јети по што се запалил.

Информациите со кои располагаме во моментов е дека едно лице загинало во несреќата, а четири се потешко повредени. Нови детали се чекаат по завршувањето на увидот.