Тешка сообраќајна несреќа пред околу еден час се случи кај Ново Село на магистралниот пат Охрид – Кичево.
Според првичните информации, до несреќата дошло при судар на камион и патничко возило „Ауди“ со кавадаречки регистерски таблички, а на самото место се наоѓаат екипи на СВР – Охрид, на Територијалната противпожарна служба и на Службата за итна медицинска помош.
Моментално сообраќајот на патниот правец е во прекин, барем додека не се укаже помош на повредените во несреќата. Две лица веќе се на пат кон болница. Нема информации дали во несреќата има смртно настрадани.