(обновено) ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА НА ПАТОТ ВЕЛЕС – ШТИП: Повеќе лица повредени во судар на камион со автобус кај Мамутчево

/ 23.07.2018

Тешка сообраќајна несреќа меѓу автобус и камион се случи денеска околу 13:20 часот на патот Велес-Штип кај селото Мамутчево. Во сообраќајката има повредени повеќе лица, информираат од МВР.

Лицата кои се повредени се пренесени во болницата во Велес.

Поради сообраќајна незгода сообраќајот на патот Велес – Штип беше во прекин, информираат од АМСМ.

Како што информира за МИА Весна Лазаровска од ЈЗО Општа болница Велес со возило на итна медицинска помош од Велес во болницата итно биле донесени 20 повредени работници.

– Сите беа прегледани и им беше укажана медицинска помош од тимот на Општа болница Велес предводени од хирургот д-р Филип Тодоровски. Од нив кај осуммина беа утврдени полесни телесни повреди и истите се хоспитализирани во болницата, а останатите 20-ина по укажаната медицинска помош во амбулантата на болницата испратени се на домашно лекување, информира Лазаровска.

Екипа на СВР Велес ги утврдува причината за сообраќајната несреќа.


Од истата категорија