Во Адамуз продолжува извлекувањето на жртвите од вагоните на возот што излетаа од шините. Вагоните по несреќата паднаа од насип висок четири метри.
Според најновите податоци во несреќата загинале 39 луѓе, а повредени се 152 лица, од кои 24 се во тешка здравствена состојба.
Железничката несреќа се случи откако возот Ирио, што сообраќаше на релација Малага – Мадрид со 289 патници, четиричлениот екипаж и машиновозачот, од непознати причини, на рамниот дел од пругата, преминал на соседниот колосек на влезот од Адамуз. Во тој момент од спротивна насока воз на шпанската национална железничка Ренфе, што сообраќал од Мадрид до Хуелва со брзина од околу 200 километри на час, што предизвика и негово излетување од шините.
Вкупно 220 припадници на шпанската Цивилна гарда се распоредени на подрачјето на железничката несреќа во Адамуз. Криминалистички тим работи на идентификација на жртвите.
Директорот на Шпанската железничка компанија Ренфе, Алваро Фернандез Хередиа изјави дека практично е исклучено дека причина за железничката несреќа е човечка грешка.
– Ако машиновозачот направил грешка, системот ја исправува. Да не нагаѓаме, да ја почекаме истрагата. Тоа е несреќа под чудни околности, посочи Хередиа.
Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, поради железничката несреќа во Кордоба, го откажа неговото учество на Светскиот економски форум во Давос.
(МИА)




