Поради пад на 110 кв извод на Тетово од 20:10 часот, без електрична енергија е цел град Тетово и околината. Екипите на ЕВН беа на терен за отстранување на дефектот.

Жители на Тетово за Телма изјавија дека струјата ја снемало оддеднаш и целиот град потонал во мрак. Прекинот траел 15-тина минути по што е вратено електричното напојување и е отстранет дефектот.