Вишото јавно обвинителство Гостивар го врати на разгледување до тетовското обвинителство обвинението на првиот човек на општината против поранешната градоначалничка Теута Арифи за оштетување на општинскиот буџет за над 1 милион евра. Претходно, тетовското обвинителство одлучи дека нема елементи за покренување на предмет за злоупотреба на службената должност, објави вчера ТВ АЛСАТ.

Поради доцнење и пресметана камата, како и ненавремено следење на судските постапки поврзани со случајот од страна на општината, општинскиот буџет е оштетен за над 1 милион евра.

Касами го обвини судството за политичка пристрасност и неактивност.

„Ова е еден од најтипичните случаи на злоупотреба на буџетски средства за предмет на експропријација што всушност беше проценето на 50.000 евра, додека од општина Тетово биле изнудени над 1 милион евра. Ги следевме сите судски процедури, но за жал заробеното судство досега не презема ништо. Но, се чини дека има светлина на крајот од тунелот. Деновиве добивме позитивен одговор од Вишото обвинителство во Гостивар, кое наложува тетовското обвинителство да поведе кривична пријава против организирана група за сите инволвирани во овој случај. Првично бевме во контакт со адвокатот кој ја застапуваше општина Тетово, тој се правдаше дека не презел никакви чекори бидејќи некој од општина Тетово му дал упатства да не постапува по овој предмет“, рече Касами.

Предметот се однесува на имот на поранешната противпожарна станица на булевар Тетово што му бил одземен на сопственикот во осумдесеттите години.

„Споредната зграда се наоѓаше на оваа улица зад мене, а случајот започна во 1987 година кога општината го презеде овој објект и го експроприра, но несогласувајќи се со вредноста на експропријацијата, сопственикот го обжали предметот на суд, а од 87 г. до 98 предметот е отфрлен во судот кога е извршена повторна оцена на објектот. Оваа ревалоризација заедно со заостанатите камати од 1987 година изнесува 1,1 милион евра, кои општина Тетово ги има добиено од 2022 година“, пренесува репортерот на Алсат.

Според обвинението на Касам, во злоупотребата се осомничени уште неколку лица од општина Тетово, како и вработени во Основниот суд Тетово.