– Ако 2018 година беше година на крупни реформи и поставување на темелите за еден подобар економски систем, 2019 треба да биде година во која веќе посериозно треба да се почуствуваат ефектите од овие реформи, вели Тевдовски во интервју за МИА.
Тој наведува дека во 2018 година се направени системски решенија што ќе придонесат за намалување на дефицитот во ПИОМ, фискална консолидација, воведување гарантиран минимален приход, но и отплата на наследените обврски.