Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството заклучно со август, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите, изјави денеска министерот за финансии Драган Тевдовски по завршување на денешната седница на Комитетот за финансиска стабилност на која присуствуваше и гувернерот на НБРМ Анита Ангеловска Бежоска.
Во август е извршен најголем поврат на ДДВ на месечна основа во последниве пет години од 2,7 милијарди денари или околу 44 милиони евра.
– Преку навремениот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите и се стимулираат инвестициите. Само во август имаме поврат од 2,7 милијарди денари, што е рекордна сума изминативе пет години. Преку 15,3 милијарди денари или 250 милиони евра се инјектирани во стопанството од почеток на годинава, само по основ на поврат на ДДВ, рече Тевдовски