1905 г. Краток текст за една релативно непозната македонска хероина – извесна Кристина Алтанова. Hejзиниот прекар бил – „Амајлијата на Македонија“.
А girl fights the turks to free Macedonia
Девојка се бори против Турците за да ја ослободи Македонија
(“The Syracuse New York Daily Journal“, 8. септември 1905.)
26-годишна девојка се зачлени во македонската револуционерна армија и сега маршира низ македонските планини заедно со револуционерните чети, борејќи се против Турците со сета своја енергија и оган што ги има секој еден обучен воин. Госпоѓа Кристина Атанова е модерната Амазонка (презимето всушност можеби е Атанасова или Алтанова, но погрешно е запишано од новинарот кој ја интервјуирал). Таа е жена од културата, поранешна учителка во Македонија.
Пред извесно време неколку нејзини ученици, млади деца, биле ѕверски убиени од распашана чета од турски војници, а Атанова едвај се спасила. Овој инцидент ја натера да се откаже од учителствувањето, и таа ѝ се посвети на својата земја. Се приклучи на востаничките одреди и стана професионален партизански герила борец.
Г-ѓа Атанова меѓу револуционерите е позната како „Амајлијата на Македонија“, од причина што кога таа била со својата чета им носела среќа. Таа е брза и прецизна пиштолџика, и во своите неколку битки досега убила 5-мина Турци.