Министерот за економија Крешник Бектеши денеска уверуваше дека од 1 јануари ќе нема зголемување на износот на фактурата за струјата за граѓаните и покрај новата методологија и новата ставка за пристап до мрежа, од којашто според него, се засегнати граѓаните кои имаат викендици, по две-три куќи или два-три стана.
Но, тој појасни дека граѓаните кои што имаат повеќе потреба од поддршка се повеќе во рамки на првиот и вториот блок во потрошувачката, а поддршка од државата нема да имаат тие што се во четвртиот блок, а каде според проценките влегуваат повеќе од 40 отсто од граѓаните кои се греат на струја и кои надминуваатт потрошувачка од 1 000 кв/ч месечно.
Бектеши ништо не кажа ни за оние кои влегуваат во третиот блок, а кој ги опфаќа тие што трошат помеѓу 600 и 1000 кв/ч на месец, што упатува на тоа дека струјата и за нив ќе поскапи, посебно откако слични изјави имаше и премиерот Ковачевски. А третио и четвртиот блок ги опфаќа сите што се греат на струја, бидејќи е невозмоѓно тоа да го направите а да не потрошите повеќе од 600 кв/ч.
Инаку, проценките се дека 50 отсто од населението се грее на дрва, 40 отсто на струја, а само 10 отсто од домаќинствата, кои се во Скопје, се греат на парно греење.
Во денешната изјава Бектеши за прв пат ја спушти границата на тие што влегуваат во првите два блока на 40 отсто, велејќи дека „повеќе од 40-50 отсто од нашата потрошувачка е во тие два блока“, за разлика од Ковачевски кој во една изјава рече дека дури 98 отсто се во двата ефтини блокови и Битиќи кој тврди дека тука спаѓаат 90 отсто од домаќинствата, што не е точно. Се разбира, доколку не мислеле на месеците како август, кога е сосема нормално дека огромното мнозинство домаќинства се во овие два блока.
И ТВ Алфа соопштува дека од 1 јануари ќе има поскапување на струјата з атие што се греат на струја. Трет и четврт блок да поскапат максимално за парите да се користат за субвенционирање на првиот и вториот блок. Ова, според телевизијата, е ставот на министерот за економија Крешник Бектеши кој на иста линија со Регулаторната комисија за енергетика не кажа колку од домаќинствата во зимскиот период преминуваат во трет блок.
Ако јас лично се прашувам, струјата за четвртиот блок корисници ќе биде зголемена максимално со цел да се покријат првиот и вториот блок имајќи го предвид животниот стандард на нашите граѓани. Тие што се во четвртиот блок, мислам дека немаат никаква потреба да бидат поддржани од страна на државата. Ние не треба да поддржиме граѓани кои имаат големи приходи и трошат колку што троши една фабрика во нивните домаќинства. Ние треба да го направиме спротивното, тие граѓани треба да плаќаат согласно пазарот и секако да плаќаат за тоа што трошат. Имаме домаќинства кои имаат речиси низ цела Македонија станови, викендички. Тие кога и да одат таму имаат електрична енергија, а во делот на цената на дистрибутивната мрежа го плаќаме ние кои секојдневно живееме во нашите домови“, рече министерот Бектеши, а пренесува Алфа.