Тиктокерот Џеф Капс веќе некое време престојува на Јужниот пол.
Тој објави неколку видеа на социјалната мрежа и на своите следбеници им покажа како изгледа животот на едно од најстудените места на Земјата.
Во едно од видеата тој се снимал себеси како се обидува да истури пијалок од конзерва на Антарктикот, но она што се случило потоа го изненадило. Додека ја врти конзервата за да го истури пијалокот во чашата, течноста се замрзна и лименката остана во воздухот поврзана со замрзнатиот пијалок. Во описот на објавата напиша дека во тој момент на Јужниот пол бил -64 степени.
@thejeffcapps Trying to enjoy a soda at -64°C back in March #southpole #antarctica #antarctic #frozen #winteriscoming ♬ original sound – thejeffcapps
Многумина во коментарите напишаа како неговиот мобилен телефон воопшто работи со оглед на студот, но тој објасни дека уредот му се исклучува секоја минута. Во едно од претходните видеа, Џеф покажал дека носи неколку слоеви облека на толку ниски температури – мора да стави и капа, качулка, шал и многу дебели ракавици. Во времето кога се снимал, температурата на Антарктикот била минус 73 степени.
@thejeffcapps Here’s how we stay warm in some of the most extreme temperatures on Earth! #southpole #antarctica #antarctic #extremecold #extreme ♬ original sound – thejeffcapps
Неговите следбеници во коментарите пишуваат дека е навистина храбро да се снима на овој студ. Видеата на Џеф на TikTok собраа милиони прегледи.