Таа ја реши светски познатата „загатка“ за 5,97 секунди и стана првата жена со рекорден резултат во средна категорија.

Девојчето е родум од кинеската провинција Џиангсу, а со рубиковата коцка почнала да си игра кога имала три години.

Таа била инспирирана од вештината на брзото коцки што ја научила од роднина, пренесува Oddity Central.

По една година станала толку добра што нејзините родители ангажирале специјален тренер, а таа вежбала секој ден во просек по два до три часа.

Со текот на времето ѝ се придружило целото семејство, па дури учествувале и на некои натпревари за возрасни.

Сепак, никој не го постигнал успехот забележан во Сингапур.

„Не ни сонувавме дека ќе го собори светскиот рекорд за толку краток временски период. Сè изгледаше како сон“, рекол таткото на девојчето.

По фантастичниот успех, Као Шишен планира да собори уште еден женски рекорд од 4,44 секунди.